Надолната спирала на Tesla се претвора во пропаст, при што нејзиниот удел во продажбата на електрични автомобили во Европа падна за 58 проценти во првите два месеци од оваа година, паѓајќи од 18,4 проценти во 2024 година на 7,7 проценти за истиот период оваа година, според податоците на JATO Dynamics, консултантска компанија за автомобили, пишува денеска Политико.
За разлика од Тесла, продажбата на кинеските електрични автомобили порасна над 20.000 возила во Европа минатиот месец, далеку над 15.700 единици на Tesla.
Американската компанија за електрични возила се соочува со глобална реакција, поттикната од гневот кон извршниот директор Илон Маск и неговите постапки како клучен советник на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во Европа, Германија го предводи отфрлањето на Tesla, која има една од своите гигафабрики надвор од Берлин. Тоа беше поттикнато од реакцијата против Маск откако тој зборуваше на митинг за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија пред предвремените избори во февруари.
Повеќе од 94 отсто од испитаниците на неодамнешното истражување меѓу 100.000 Германци, изјавиле дека повеќе нема да купуваат Tesla.
Големиот пад на пазарниот удел на Tesla се разликува и од продажбата на европските електрични автомобили овој февруари изнесуваше 164.148, што е за 26 отсто зголемување во споредба со истиот месец минатата година.
Европските брендови го сочинуваат најголемиот дел од продажбата на ЕВ на континентот, но кинеските производители на ЕВ добиваат на сила, и покрај дополнителните критериуми што Европската Комисија минатата година им ги наметна на електричните возила произведени во Кина.
BYD, најголемиот светски производител на ЕВ, забележа 4.400 возила регистрирани во февруари, што претставува зголемување од 94 отсто на годишно ниво.