Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Продолжуваат масовните протести во Израел

 Организаторите на протестите против судските реформи во Израел најавија дека денеска и в сабота ќе се одржат нови демонстрации.

Центарот на саботните протести ќе биде Тел Авив, но демонстрации ќе се одржат на многу места во Израел, пишува „Џерусалим пост“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека, поради притисокот врз владата што ја предводи, привремено ја одложува реформата на судството по неколкумесечните масовни протести кои кулминираа оваа недела.

Нетанјаху рече дека одложувањето претставува „вистинска можност за дијалог“, но во исто време додаде дека „во секој случај“ реформата ќе биде усвоена за „да се врати рамнотежата“ меѓу гранките на власта во Израел.

Премиерот на Израел предложи одложувањето да трае до почетокот на летното заседание на Кнесетот, закажано за 30 април

Зачлени се на нашиот е-билтен