Според најновиот Индекс на имиграција на Remitly, кој ги рангираше 82 земји според клучни фактори како што се образованието и трошоците за грижа за децата, Шри Ланка е прогласена за најдобрата земја за одгледување деца во 2025 година. Оваа земја постигна висок семеен индекс од 88 од 100 поени, благодарение на своите импресивни образовни системи и ниските трошоци за грижа за деца, кои изнесуваат само 354,60 долари годишно.
Македонските услови за живот, во таа смисла, се на 63. место.
Шри Ланка, позната по своето историско наследство, прекрасната природа и неверојатната храна, нуди идеални услови за семејства. Земјата е исто така дом на некои од најубавите национални паркови, како Уда Валаве и Кумаана, каде што можат да се видат слонови, диви биволи, џиновски верверици, елени, крокодили и голем број ретки птици. Ова ја прави идеално место за растење на деца.
На второто место се најде Шведска, а на третото Норвешка.
Топ 10 најдобри земји за семејства во 2025 година:
-Шри Ланка
-Шведска
-Норвешка
-Нов Зеланд
-Исланд
-Германија
-Финска
-Данска
-Австралија
-САД