Просечна плата – Каде е Северна Македонија во споредба со соседите?

Во февруари 2025 година, просечната месечна нето-плата по вработен во Северна Македонија изнесувала 43.053 денари, или околу 700 евра. Овој пораст од 9,6% во однос на истиот месец минатата година се должи на повисоките плати во неколку клучни сектори, вклучувајќи ги недвижниот имот, преработувачката индустрија и образованието. Но, и покрај овие позитивни бројки, како се позиционира Северна Македонија во споредба со соседните земји и што ова значи за економијата и животниот стандард на граѓаните?

Просечната бруто плата за февруари 2025 година изнесува 64.634 денари. За разлика од други земји во регионот, оваа плата е на ниво кое е значително пониско, дури и во споредба со Србија, каде просечната нето плата за истиот период 103.519 динари (883 евра). Тоа означува раст од 15,7% на годишно ниво во Србија, што е значително повеќе од растот забележан во Северна Македонија.

Регионот во контекст: Платите растат, но не во сите земји исто

Во споредба со земјите од регионов, Србија и Албанија бележат значителен раст на платите, што укажува на позитивен тренд во овие економии. Србија, со просечна нето плата од околу 883 евра, се наоѓа во блиска конкуренција со Северна Македонија, но се уште ја надминува, исто како и соседната Албанија, која за четвртиот квартал на 2024 година имала просечна бруто плата од околу 830 евра. Во овие земји, порастот на платите е дополнително поткрепен со силни економски индикатори, како што се зголемување на инвестициите и подобрени работни услови.

Грција, пак, иако има просечна месечна плата од 1.342 евра, се уште се наоѓа под нивото пред економската криза од 2010 година. Владата на Грција има планови да ја зголеми минималната плата на 950 евра, со што се очекува просечната плата да достигне 1.500 евра, што го прави овој соседен пазар многу поволна опција за работниците од земјите на Балканот.

Во Бугарија, ситуацијата изгледа малку поинаку. Просечната бруто месечна плата за декември 2024 година изнесува 2.468 лева (околу 1.261 евра), а нето плата е 1.915 лева (околу 980 евра). Овие податоци ја поставуваат Бугарија на врвот на Балканот по однос на платите, што го прави овој пазар на труд многу атрактивен за вработените во Македонија.

Растот на платите во Северна Македонија: Позитивен тренд или забавен раст?

Иако се забележува раст на платите во Северна Македонија, синдикатите и граѓанските организации предупредуваат дека овој пораст не ја следи реалната инфлација и растот на трошоците за живот. Сојузот на синдикати на Македонија укажува на сериозниот јаз помеѓу растот на платите и потребите на работниците, посочувајќи дека многу вработени не можат да го покријат основните трошоци за живот, како што се станарината, храната и енергијата и затоа бараат да се зголеми минималната плата на 500 евра, а со тоа да растат и останатите плати..

Покрај тоа, економистите истакнуваат дека е потребно паралелно со зголемувањето на платите, да се инвестира и во подобрување на работните услови и инфраструктурата, што би овозможило да се задржат младите и квалификувани работници во земјата. Работната миграција, која е сериозен проблем за многу земји од регионот, може да биде дополнително засилена ако не се создадат услови за долгорочен раст на платите и економската стабилност.

Иако со текот на времето се прават напори за подобрување на платите, Северна Македонија сè уште има голем простор за раст и развој. За да може да се задржи конкурентноста во регионот, потребно е интензивно инвестирање и реформирање на економската политика која ќе овозможи поевтин живот и повеќе можности за граѓаните.

Зачлени се на нашиот е-билтен