Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протест за поддршка на Украина во Париз: Да се обединиме за победа на Украина

Неколку илјади демонстранти маршираа низ улиците на Париз денеска, изразувајќи поддршка за Украина, која наскоро ќе влезе во четвртата година од војната со Русија. Демонстрантите носеа стотици украински и европски знамиња, а големо украинско знаме, долго 260 метри, беше развиено за време на маршот.

Протестот беше организиран од здруженија што ја поддржуваат Украина, со поддршка на неколку синдикати. На чело на поворката, неколку париски функционери носеа транспарент со порака: „Да се обединиме за победа на Украина“.

Демонстрантите извикуваа слогани како „Трамп, Путин – нема преговори без Украина!“ и „Путин значи масакр и убиства. Солидарност за Украина!“.

На плоштадот Републиката се одржа и посебен собир организиран од активистките на феминистичкото движење Фемен. Тие носеа транспарент со натпис: „Ако Русија престане да се бори, нема да има повеќе војна. Ако Украина престане да се бори, нема да има повеќе Европа“.

Во маршот учествуваше и директорката на „Амнести интернешнл“ за Франција, Силви Бриго, која истакна дека организацијата ќе продолжи да документира воени злосторства во Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен