Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Протести против Трамп и Проектот 2025 се планирани денеска во 50 сојузни држави во САД

Фото: JessicaRodriguezRivas, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Движење за спротивставување на првите дејствија на администрацијата на претседателот Доналд Трамп започна онлајн, а денеска се планирани протести низ САД, јавија американските медиуми.

Движењето е организирано под хаштаговите #buildtheresistance и #50501, што значи „50 протести, 50 држави, еден ден“. Многу од протестите се планирани во главните градови на државите, а некои во други градови.

Движењето има веб-страници и сметки на социјалните медиуми. Флаерите, што се дистрибуираат на интернет, го осудуваат Проектот 2025, тврдокорната десничарска „игротека“ за американската влада и општество, и вклучуваат пораки како „Отфрли го фашизмот“ и „Одбрани ја нашата демократија“.

Во првите неколку недели од неговиот нов мандат, Трамп потпиша серија извршни наредби – од трговија и имиграција до климатски промени. Додека демократите почнаа да го креваат својот глас за несогласување со агендата на Трамп, започнаа и протестите, јавија американските медиуми.

Во неделата, илјадници луѓе маршираа против планот на Трамп за масовни депортации во Јужна Калифорнија, вклучително и во центарот на Лос Анџелес, каде протестите со часови го затворија главниот автопат.

Зачлени се на нашиот е-билтен