Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Први американски санкции поради сексуално насилство за време на судирите во јужен Судан

САД првпат воведуваат економски санкции поради сексуално насилство во конфликт, против двајца јужносудански функционери, соопшти денеска американското Министерство за финансии.

САД ги санкционира воениот функционер Џејмс Нандо и политичкиот функционер Алфред Футујо, кои ја злоупотребиле својата положба, политичка и воена власт, за да извршат сексуално насилство врз граѓаните на Јужен Судан.

САД ги отфрлаат сите форми на сексуално насилство во вооружените конфликти, изјави американскиот помошник министер за финансии, Воли Адејемо.

Зачлени се на нашиот е-билтен