Во пукање што се случи во имиграцискиот центар во Тексас, има неколку мртви и повредени. Напаѓачот се самоубил по нападот, соопшти секретарката за внатрешна безбедност на САД, Кристи Ноем.
Инцидентот се случил во утринава во канцеларијата на американската Служба за имиграција и царина (ICE) во Далас, пренесува BBC.
„Сè уште се собираат детали, но можеме да потврдиме дека има повеќе повредени и мртви“, изјави Ноем на платформата X.
Таа додаде дека напаѓачот починал од прострелна рана која сам си ја нанел, а мотивот на нападот засега не е познат.
Според извештаите на CNN, меѓу жртвите се и двајца притвореници.