Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин понуди следниот Самит на БРИКС да се одржи во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин понуди да биде домаќин на следниот самит на БРИКС, откако не можеше да присуствува на настанот во Јужноафриканската Република оваа година поради налогот за апсење против него од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во говорот, кој беше пренесен преку видео на состанокот во Јоханесбург, Путин ги покани претставниците на другите земји-членки Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка во рускиот град Казан во октомври 2024 година.

Конкретниот датум треба да се договори по дипломатски канали, јави ДПА. Путин најави дека во наредната година ќе има повеќе од 200 политички, економски и социјални настани под руското претседателство со БРИКС.

Овогодинешниот самит на големите економии во развој ќе трае до утре. 

Зачлени се на нашиот е-билтен