Путин ветува дека Русија нема да ја нападне Европа

Kremlin.ru, CC BY 4.0 , via Wikimedia Commons

Русија е подготвена да потврди дека нема намера да ја нападне Европа, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

„Едно е да се каже генерално дека Русија нема намера да ја нападне Европа… Никогаш немавме намера, но ако сакаат да чујат од нас, еве, го евидентираме тоа, без никакви прашања“, изјави Путин за новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека, доколку украинските трупи не се повлечат од одредени територии, Русија ќе го постигне тоа со воени средства.

Зборувајќи за конфискацијата на рускиот имот, Путин рече дека тоа би била кражба на туѓ имот и дека сите зборуваат за тоа.

Путин денес изјави и дека Русија се согласува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина да биде основа за иден мировен договор.

Тој додаде дека нема нацрт-мировен план за Украина, туку дека тоа е само збир прашања предложени за преговори.

Зачлени се на нашиот е-билтен