Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин во паника, рече дека на земјата ѝ се заканува „граѓанска војна“ и се закани со жесток одговор на „вооружениот бунт“

Рускиот претседател Владимир Путин, денеска, во вонредното обраќање до руската јавност, откако војниците на групата „Вагнер“ синоча влегоа во Ростов на Дон, изјави дека чинот е „предавство и забивање нож во грб“.

– Ова е еднакво на вооружен бунт, Русија ќе се брани, рече рускиот претседателот Путин на почетокот на своето обраќање, додавајќи дека Русија се бори за животот и безбедноста на граѓаните на Федерацијата.

„Ова е обид да не нападнат одвнатре, ова е предавство“, рече Путин.

Како што рече, секој конфликт мора да биде отфрлен за време на специјална воена операција.

– Ситуацијата околу Ростов е многу комплицирана. Ние правиме се за да го одбиеме овој напад. Ова е нож во грб за нас. Тие што се побунија ја предадоа Русија и ги повикувам сите вклучени во таа акција да престанат со секое учество во вооружен конфликт, рече рускиот претседател.

Тој јасно кажа дека е издадена наредба за неутрализирање на сите кои го организирале овој бунт, јави ДПА.

– Ќе се спротивставиме на искушенијата и предизвиците. Ќе бидеме посилни од порано, рече претседателот на Русија.

Путин порача дека оние кои ја делат Русија и нејзините граѓани неизбежно ќе бидат казнети, пренесе ДПА.

Тој додаде дека во Москва и во неколку соседни региони се во сила антитерористички мерки, но, исто така, нагласи дека мора да се избегне каков било конфликт за време на специјална воена операција.

Во обраќањето до нацијата тој кажа дека Русија води тешка битка за иднината и дека целата „воена и информатичка технологија на Западот е против Русија“.

Путин обраќањето го одржа откако е покренат степенот на безбедност низ целата земја поради бунтот на војниците на групата „Вагнер“, под контрола на Евгениј Пригожин, кои влегоа и го зазедоа градот и сите воени објекти во Ростов на Дон, по неговото обвинување дека руската армија ги „уништува“ неговите борци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен