Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ракетен напад на Палестинците од Појасот Газа врз Израел, едно лице рането

Палестинските екстремисти од Појасот Газа попладнево истрелаа канонада ракети во правец на Израел, соопшти израелската армија.

На ракетниот напад му претходеше смртта на палестинскиот затвореник, кој штрајкуваше со глад речиси три месеци во израелски затвор. Смртта на Кадер Аднан (45), истакнат водач на екстремистичкиот Исламски џихад, ги налути палестинските лидери и екстремисти и ги засили стравувањата од одмазда.

Екстремистите од Појасот Газа утринава истрелаа неколку ракети во правец на Израел, веднаш по објавувањето на веста за смртта на еден затвореник, кој Палестинците го слават како херој. Ракетите паднале на отворен простор и никој не е повреден или е предизвикана штета.

Попладнево палестинските екстремисти истрелаа 22 ракети во правец на израелска територија, од кои четири беа пресретнати од антиракетниот систем „Железна купола“, се додава во военото соопштение.

Во нападот тешко е ранет 25-годишен маж, соопштија израелските лекари.

Фарнцуските медиуми пренесуваат дека пред баражот оган, израелската армија објави дека е отворен тенковски оган врз Појасот Газа.

Палестинските екстремистички организации долго време се закануваат дека ќе го нападнат Израел доколку палестинските затвореници кои штрајкуваат со глад, како Аднан, умрат во израелски притвор, потсетуваат американските медиуми.

Зачлени се на нашиот е-билтен