Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Расте листата на белгиски криминалци во бегство

Белгија во светот е позната по своето чоколадо, пивото, вафлите и… криминалците, наведува весникот „Брисел Тајмс“, потенцирајќи дека листата на осомничени белгиски кримналици во бегство расте од година во година.

По дел од нив белгиските власти активно трагаат, што ги става на листата на „најбарани криминалци“, кои најчесто се обвинети за убиство или за кривични дела поврзани со тероризам или исламски радикализам.

Некои од „најбараните криминалци“ се осудени на затворски казни во отсуство, но тие и натаму се недостапни за органите на прогонот и се наоѓааат во бегство. Влстите не знаат каде се наоѓаат овие „бегалци“, но за повеќето од нив се претпоставува дека се во странство.

Белгиски криминалци редовно има и на странски листи за потрага по лица кои извршиле кривични дела во странство. Во моментов на „црвената листа“ на најбарани лица на Интерпол се наоѓаат осуммина криминалци од Белгија осомничени за убиство, убиство од небрежност, перење пари, па дури и за тероризам во земји како Малезија или Полска.

Сите 13-мина „најбарни криминалци“ во Белгија се со мигрантско потекло. Така меѓу најбараните се Хишам Шаиб, член на група Шеријат за Белгија што се залага за формирање исламска држава во Белгија, кој во 2015 година е осуден на 15 години затвор за убиство, потоа Чеченецот Сулејман Бетелгуирјев, осуден во 2019 година на 30 години затвор за убиство, Бангладешанецот Руф Удин, осуден во 2009 година на 30-годишна затворска казна за убиство, како и Фехрије Ердал, членка на турската терористичка група Револуционерна народно ослободителна партија и фронт, осудена на 15 години затвор за учество во убиството на турскиот бизнисмен Оздемир Шабанчи и неговата секретарка Нилгун Хасефе.

Токму поради мигрантското потекло на криминалците во бегство, се почесто во белгиската јавност растот на криминалот се врзува со зголемната миграција во земјата. Ова особено добива на значање во пресрет на федералните парламентрани избори закажани за јуни идната година, на кои според анкетите на јавното мислење се очекува победа на партијата Фламански интерес (ВБ), чија примарна заложба е независност на регионот Фландрија, но чии ставови се изразито антимигрантски

Зачлени се на нашиот е-билтен