Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на најавата на Владимир Путин за привремено Велигденско примирје, истакнувајќи дека целата територија на Украина е под предупредување за воздушни напади.
Зеленски исто така објави и преглед на ситуацијата во регионот Курск на социјалната мрежа Х. Зеленски рече дека украинските сили ги „држат своите позиции“. Во објавата тој напиша:
„Штотуку добив извештај од врховниот командант Олександар Сирски. Денес нашите сили продолжија да дејствуваат на територијата на регионот Курск и ги држат своите позиции. Во регионот Белгород нашите борци напредуваа и ја проширија зоната на контрола“ вели Зеленски.
Тој додава дека Путин повторно се обидува да манипулира со животите на луѓето, бидејќи се уште се активни предупредувањата за воздушни напади низ цела Украина
„Во 17:15 часот на нашето небо беа откриени руски нападни беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и авијацијата веќе почнаа да дејствуваат за да не штитат. Присуството на дронови Шахед во нашиот воздушен простор јасно го открива вистинскиот став на Путин кон Велигден и кон човечките животи“ вели Зеленски.