Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Резултати од истрага: Свештеници во Илиноис сексуално злоставувале речиси 2.000 деца

Во Илиноис, во изминатите 70 години, 451 католички свештеник сексуално злоставувале речиси 2.000 деца, покажуваат резултатите од истрагата на државниот јавен обвинител на таа американска сојузна држава. Тој број е четири пати поголем од бројот што црквата го објави во 2018 година, пред почетокот на истрагата, пишува Асошиејтед прес.

Јавниот обвинител Кваме Раул на прес-конференција изјави дека истражителите откриле дека католичкото свештенство злоставувало 1.997 деца во Илиноис во периодот меѓу 1950 и 2019 година, иако тој призна дека многу случаи се застарени и дека овие насилници „никогаш нема да излезат пред лицето на правдата“.

Се надевам дека овој извештај ќе ги разоткрие оние кои ја искористија својата позиција и довербата што им беше дадена, за да ги злоупотребуваат невините деца, како и луѓето од црковното раководство кои ја прикриваа таа злоупотреба, рече Раул.

Овие сторители можеби никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата, но со нивното именување сакаме да обезбедиме јавна одговорност и да им помогнеме на жртвите кои долго време страдаат во тишина, истакна јавниот обвинител.

Долгиот извештај тврди дека црковните водачи во Илиноис биле исклучително бавни да одговорат на наводите за злоставување и не успеале да ги предупредат свештениците за можни злоставувачи меѓу нив. За тоа понекогаш им требале дури и децении откако се појавија обвинувањата.

Ревизијата започна во 2018 година за време на претходничката на Раул, Лиза Мадиган. Раул денеска изјави дека 25 членови на неговиот персонал прегледале повеќе од 100.000 страници епархиски документи.

Јавниот обвинител ги обвини католичките лидери дека донесувале одлуки и политики кои „им дозволиле на познатите сексуални злоставувачи на деца да се скријат, често на очиглед“.

Во државата Илиноис живеат 3,5 милиони католици, што е приближно 27% од вкупното население. Црквата поседува 949 парохии и има 2.215 свештеници и 1.372 ѓакони.

Г. Т.

Најново