Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ќе ја посети Саудиска Арабија од утре до 12 март, каде што ќе води разговори со своите украински колеги, соопшти денеска Стејт департментот.
Во соопштението се нагласува дека Рубио ќе се сретне и со саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман Ал Сауд.
Во делегацијата од Украина, која ќе се сретне со американските претставници во Саудиска Арабија, се шефот на кабинетот на премиерот Андриј Јермак, неговиот заменик Павло Палиса, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров.