Руската Државна Дума денеска усвои закон со кој се суспендира договорот меѓу Русија и Украина за соработка во Азовското Море и Керченски Теснец.
Предлог-законот беше поднесен во Долниот дом на рускиот Парламент на 24 мај од рускиот претседател Владимир Путин.
Со Законот Украина го загуби статусот на крајбрежна држава.
Договорот меѓу Русија и Украина беше потпишан во Керч на 24 декември 2003 година. Во него беше истакнато важноста на Азовското Море и Керченски Теснец за економскиот развој на двете земји, како и потребата да се зачува Азовско-Керченскиот воден простор како целосен економски и природен комплекс.
Во февруари Врховната Рада на Украина ги суспендира сите договори за соработка со Русија во Азовско Море. ми/
фото: Е