Русија и Украина извршија размена на тела на загинати војници, потврди советникот на рускиот претседател Владимир Путин – Владимир Медински.
Според него, размената е дел од договор постигнат минатиот месец за време на преговорите во Истанбул.
Русија, како што објави Медински на Телеграм, предала 1.000 тела на украински војници, а за возврат добила 19 тела на руски војници.