Русија отвори истрага за видеото на кое наводно е прикажано обезглавување на украински војник.
Канцеларијата на главниот обвинител соопшти дека видеото „е проследено до истражните тела на проверка“ при што треба да се утврди „веродостојноста“ на материјалот и да се донесе „соодветна одлука.
На видеото што неделава се појави на социјалните мрежи се гледа руски војници се снимаат како обезглавуваат украински воен заробеник со нож. Тоа наиде на осуда од Украина и другите западни држави.
Кремљ вчера го оцени видеото како „страшно“ и повика да се потврди неговата автентичност.