Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русија отворила истрага по упадот на нејзина територија

Руските власти денеска отворија истрага за „терористичкиот чин“ откако вооружена група од Украина ја нападна руската погранична Белгородска област.

„Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на напаѓачот и сите околности на инцидентот“, се наведува во соопштението на Рускиот истражен комитет, орган одговорен за главните истраги во Русија.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, утринава изјави дека рускиот регион синоќа бил нападнат со беспилотни летала, а цел биле куќите и зградата на локалните власти по инвазијата на вооружените борци од Украина.

Гладков додаде дека во нападите нема жртви или повредени.

Зачлени се на нашиот е-билтен