Русија подготвена за разговори со САД за гориво во окупираната нуклеарка во Украина

Нуклеарна централа во Запорожје

Челникот на руската државна корпорација за атомска енергија, Росатом, Алексeј Лихачов, изјави дека компанијата е подготвена да преговара со американскиот Westinghouse за прашањето на нуклеарното гориво во окупираната украинска нуклеарна централа Запорожје, јави агенцијата РИА.

Во јуни, Русија побара од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да посредува меѓу Москва и Вашингтон за решавање на прашањето со американското нуклеарно гориво складирано во централата, која е под контрола на руските сили.

Лихачов потсети дека претходно Westinghouse и американските енергетски официјални лица изразиле загриженост околу заштитата на интелектуалната сопственост во врска со горивото.

За потсетување, руските сили ја окупираа нуклеарката Запорожје на почетокот на војната, која е најголемата нуклеарна централа во Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен