Руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа се пресретнати и уништени 11 украински дронови над неколку погранични региони.
Според објавата на Телеграм, дроновите биле соборени над Курск, Белгород и јужниот регион Ростов.
Привремениот гувернер на Ростовската област, Јуриј Сљусар, информираше дека нема извештаи за повредени лица, но делови од соборените дронови паднале врз административни објекти во една од општините.