Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Русите тврдат дека Москва била нападната со украински дронови

 Украински дронови ноќеска ја нападнаа Москва, но нема жртви, изјави градоначалникот нас рускиот главен град Сергеј Собјанин.

Во објава на Телеграм, тој напиша дека две деловни згради во градот се „малку оштетени“ однадвор и додаде дека нема жртви и повредени.

Повикувајќи се на агенциите за спроведување на законот, руските медиуми јавија дека во нападот учествувале два дрона, кои подоцна биле соборени во западниот московски регион.

Руското Министерство за одбрана во објава на Телеграм тврди дека уште еден дрон бил уништен над московскиот југозападен округ Одинцово.

Официјален Киев сè уште не ги коментирал информациите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен