Хеликоптерот на рускиот претседател Владимир Путин бил во фокусот на масовен напад од страна на украински беспилотни летала за време на неговата работна посета на Курската област, изјави командантот на воздушната одбрана Јуриј Дашкин во емисијата „Вести на неделата“ на рускиот државен канал „Россија 1“.
„Претседателскиот хеликоптер, всушност, беше во епицентарот на одбивањето на масовниот напад на непријателските беспилотни летала“, рече Дашкин. Според него, нападот бил успешно одбиен, а руската армија целосно ја обезбедила безбедноста на претседателот.
A helicopter with Putin on board during his visit to the Kursk region found itself at the epicenter of repelling an attack by Ukrainian UAVs.
— Clash Report (@clashreport) May 25, 2025
Source: RIA Novosti pic.twitter.com/aXRJXHYwNf
На 20 мај, Путин го посети Курскиот регион, каде што одржа состанок со раководителите на локалната самоуправа и волонтери, како и посета на градилиштето на нуклеарната централа Курчатов.
За време на посетата, тој нагласи дека е целосно информиран за безбедносната состојба во регионот, бидејќи редовно е информиран за сè од владата, вооружените сили и разузнавачките служби. Тој ги осуди, како што рече, „криминалните дејствија на Украина“ и нареди итна реконструкција на оштетената инфраструктура.