Руската ПВО пресретна и собори стотина украински дронови

Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека противвоздушната одбрана пресретна и уништи околу сто украински беспилотни летала, од кои некои биле насочени кон Москва.

– Руската противвоздушна одбрана пресретна и уништи 11 украински дронови во близина на главниот град на Русија, објави на Телеграм, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Поради украинскиот напад привремено се затворени трите московски аеродроми.

Руската ПВО соборила беспилотни летала и над градовите Тули и Твер, северозападно од Москва.

Претходно, воената управа на Киев соопшти дека најмалку три лица загинаа, а десет се повредени во синоќешниот руски напад врз Киев. Главниот град на Украина втора ноќ по ред е цел на руските беспилотни летала. 

Зачлени се на нашиот е-билтен