Руската служба за безбедност уапсила шестмина кои подготвувале вооружени напади во Москва

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека спровела мерки за спречување на ширењето на идеологијата за масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе во 81 регион на Руската Федерација, приведувајќи шест лица вклучени во подготовката на вооружени напади врз образовни институции во Москва и Тјумен, како и насилни дејствија во Кемерово, Ростов на Дон и Јошкар-Ола, пренесуваат руските медиуми.

-Федералната служба за безбедност на Руската Федерација, заедно со Министерството за внатрешни работи, Истражниот комитет и Федералната служба на трупите на Националната гарда на Руската Федерација, спроведоа превентивни мерки во 81 регион на Руската Федерација со цел спречување на ширењето на идеологијата на насилство, масовни убиства и самоубиства меѓу младите луѓе, се наведува во извештајот.

Како резултат на овие настани, приведени се шест граѓани вклучени во подготовката на вооружени напади врз образовни институции во градовите Москва и Тјумен, како и насилни дејствија во градовите Кемерово, Ростов на Дон и Јошкар-Ола, забележува ФСБ.

Според податоците од специјалните служби, од адресите на притворените се запленети компоненти за изработка на рачно изработени експлозивни и запаливи направи, остри оружја, планови за подготовка на вооружени напади, симболи и пропаганден материјал на неонацистички и терористички организации. 

Зачлени се на нашиот е-билтен