Руски напад на Суми, нападнато училиште додека се евакуирале деца

Русија денеска извршила ракетен напад во северниот украински пограничен регион Суми, при што повредени се 65 лица, меѓу кои 14 се деца.

Гувернерот на регионот, Володимир Артиух, изјави дека во нападот погодени биле станбени згради и училиште.

Според него, во моментот на ударот во училиштето се вршела евакуација на децата.

Руските сили „извршиле ракетен напад врз густо населена станбена зона во Суми“, објави обвинителството на Фејсбук.

Вршителот на должноста градоначалник на Суми, Артем Кобзар, потврди дека меѓу повредените има четири деца, но не прецизираше дали тие се наоѓале во училиштето за време на нападот.

Русија досега не ја коментираше оваа информација

Зачлени се на нашиот е-билтен