Руски ракетен напад уби три лица, а повреди најмалку 14 во Украина

Руски ракетен напад врз градот Самар во регионот Днепропетровск  во Украина уби три лица, а повреди најмалку 14, изјави началникот на регионалната воена администрација на Дњепропетровск, Сергеј Лисак, на Телеграм, обавија украинските медиуми.

-За жал, има мртви и повредени лица во градот Самар како резултат на ракетен напад. Избувна пожар, рече гувернерот во својата објава.

„Веќе има тројца мртви како резултат на непријателскиот напад. Повредени се 14 лица. Ова се информациите во моментов“, рече Лисак, додавајќи дека бројот на жртви и обемот на штетата во моментов се утврдуваат.

Ова е втор руски ракетен напад во последните три дена против овој индустриски град во централна Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен