Големите руски весници изразија ретки директни критики на властите по неуспешниот државен удар на Евгениј Пригожин, при што еден московски медиум во насловот вели дека Русија „ја покажала својата ранливост – на целиот свет и на себе“.
Како што пренесува Телеграф, весниците го преиспитуваа одговорот на Кремљ и Министерството за одбрана на шефот на Вагнер кој организираше вооружен бунт за време на викендот, кога приватната воена компанија окупираше два града на југот на Русија и напредуваше кон Москва пред Пригожин да склучи договор со Владимир Путин.
Московски Комсомолец, дневен весник со седиште во руската престолнина, пишува дека неуспешниот пуч ќе има „длабоки политички последици“.
Се додава дека „највисоката власт во земјата заборавила на фундаменталната некомпатибилност на буквите П и В, концептите „приватно“ и „воено“.
„Мнополот е скоро секогаш лош. Но, постои еден добар, дури и неопходен монопол – монополот на државата на легализирана сила. Ако не постои таков монопол, тогаш, како што сите штотуку видовме, самото постоење на државата е под закана“, се вели во објавата.
Михаил Ростовски, новинар на Московски Комсомолец, напиша:
„Русија со најголема брзина истрча до самиот раб на бездната и со иста брзина се оддалечи од него“.
Тој се осврна на книгата Десет дена што го потресоа светот, напишана од Џон Рид, американски новинар, за револуцијата во октомври 1917 година и рече:
„Во овој случај светот – или барем Русија – беше потресен од малку повеќе од еден ден“.
Имаше и прашања за тоа како Пригожин може вербално да ги нападне Сергеј Шојгу, министерот за одбрана, и Валери Герасимов, началникот на Генералштабот, „неказнети“ во месеците пред бунтот.
„Немаше јасни одговори. Ова создаде атмосфера на страв и неизвесност и го погази угледот на моќта во кал“, напиша тој.
За веста дека Пригожин треба да се пресели во Белорусија како дел од договорот постигнат со посредство на Александар Лукашенко, тамошниот диктатор, весникот вели:
„Евгениј Пригожин ќе замине во Белорусија, но проблемите што ги создаде (ајде да бидеме фер: не само од тој) ќе остане“.
„Русија ја покажа својата ранливост – пред целиот свет и кон себе“.
Понатаму, Независимаја газета, руски дневен весник, објави:
„Ниту Кремљ, ниту Министерството за одбрана не дадоа јасен одговор на прашањето како 25.000 борци и повеќе од 1.500 парчиња опрема од Вагнер… можеа да напредуваат во колони непречени од теренски кампови во близина на Луганск, го окупираат седиштето на јужната воена област и во рок од еден ден ќе бидат на 200 километри од Москва“.
Во друга статија, весникот вели:
„Правниот случај против Пригожин, наводно, исчезнал во длабочините на системот за спроведување на законот, додека правниот систем уште еднаш покажа флексибилност до неговото целосно отсуство“.
Државните новински агенции подоцна во понеделникот објавија дека сè уште постои отворен случај против шефот на Вагнер.
Сепак, другите големи медиуми, како Комсомолскаја Правда, РИА Новости, државната новинска агенција за жал, останаа цврсто зад Кремљ неаргументирано оправдувајќи го Путин, а како организатор на бунтот го обвинија Западот кој по „неуспехот на санкциите и воените неуспеси на украинските вооружени сили“ како што (у)верувааттие, само се обидува да го заниша рускиот брод.
Подготви: Д. Мишев