Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руското МО тврди дека соборило три украински дронови во близина на границата

 Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека соборило три украински беспилотни летала над регионот Белгород, а регионалниот гувернер изјави дека едно лице загинало во украински ракетен напад врз село во близина на границата, пренесоа британските медиуми.

Во исто време, гувернерите на блиските погранични региони на регионите Брјанск и Курск изјавија дека голем број села биле гранатирани од Украина, а една жена е ранета во областа Курск.

Руските власти во делот на украинската област Керсон, кој е под контрола на Москва, денеска соопштија и дека Киев извршил напад со беспилотно летало врз селото Масливка, при што е повреден еден цивил.

Зачлени се на нашиот е-билтен