Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД: Ако не ја поддржиме Украина, цената ќе биде уште поголема

Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека доколку САД не ја поддржат Украина во борбата против Русија, тоа ќе предизвика голема штета на американските економски и безбедносни интереси.

-Ако (рускиот претседател Владимир) Путин ја освои Украина, тој стои на прагот на НАТО. И како што реков пред некој ден, ако мислите дека цената за поддршка на Украина е висока сега, размислете колку ќе биде не само во пари, туку и во американска крв, ако треба да почнеме да постапуваме по нашите обврски од член пет, рече Кирби на брифингот со новинарите.

Членот пет од Северноатлантскиот договор бара од земјите-членки да ги сметаат вооружените напади врз која било земја-членка како напади врз целата Алијанса и да обезбедат итна воена помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен