Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД бараат денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека нема знаци за продлабочување на воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја, но дека Корејскиот Полуостров треба да се денуклеаризира.

Тој нагласи дека САД неодамна откриле дека Северна Кореја тајно и доставува муниција на Русија. Кирби додаде дека не забележале други активности.

„Дефинитивно мислиме дека Корејскиот Полуостров треба да се денуклеаризира и да се намалат тензиите. Секоја сила која би ја намалила безбедноста и стабилноста на Корејскиот Полуостров не е во ничиј интерес“, рече Кирби.

Неодамна, тензиите меѓу Северна Кореја и нејзиниот јужен сосед се зголемија по серијата воени вежби што Јужна Кореја ги спроведе со американските сили.

Пјонгјанг одговори со неколку нови тестирања на балистички ракети.

Треба да знаете
Moже да ве интересира