Американската влада објави дека ги укинува сите визи што се издадени за граѓаните на Јужен Судан, поради неисполнетата заложба на преодната влада на земјата да ги прифати назад своите граѓани што беа вратени од САД.
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека администрацијата е подготвена да ја разгледа оваа одлука кога Јужен Судан ќе покаже целосно соработување со Вашингтон по ова прашање.
„Јужен Судан не го почитуваше принципот дека секоја земја треба веднаш да ги прифати своите граѓани вратени од други земји, вклучително и САД“, истакна Рубио.
„Одлуката на Стејт департментот на САД за суспензија на визите стапува во сила веднаш, со цел да се спречи влезот на лица со државјанство на Јужен Судан на територијата на САД“, се вели во соопштението на државниот секретар.