САД го суспендираат приемот на странски студенти сѐ додека не стигне понатамошно известување. Американскиот државен секретар Марко Рубио со циркулар ги задолжил амбасадите и конзулатите засега да не закажуваат нови термини за апликантите за студентски и визи за размена на студенти. Според новинските агенции Ројтерс и АП, позадината на ова е што американската влада сака да го прошири прегледот на ставовите на кандидатите на социјалните мрежи.
Во писмото, Рубио објави ажурирани упатства за контролите за американските мисии во странство, кои сè уште се во развој. Дополнителни инструкции ќе бидат дадени „во наредните денови“. Американските медиуми објавија дека се засегнати визите во категориите Ф,М и Ј – тие се однесуваат на студенти, и визи за размена на студенти.
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Тами Брус одби да го коментира писмото. Сепак, таа изјави дека американската влада „многу сериозно го сфаќа скринингот на поединци кои влегуваат во земјата“. САД „ќе продолжат да ги користат сите средства за да проценат кој доаѓа овде, дали се студенти или други поединци“.
Државниот секретар Рубио и американскиот претседател Доналд Трамп изјавија дека целта е „да се осигура дека луѓето што престојуваат тука ги разбираат законите, немаат криминални намери и придонесуваат за овдешниот животот“. Луѓето од странство кои сакаат да студираат во САД треба да ја следат „нормалната процедура“, додаде Брус.
Претставници на американската влада претходно изјавија дека имателите на студентски визи и зелени карти може да бидат депортирани поради поддршка на Палестинците и критикување на однесувањето на Израел во војната во Газа. Според тоа, овие лица би претставувале закана за надворешната политика на САД, тие би можеле и да го поддржат радикалниот исламистички Хамас во Појасот Газа.
Турска студентка на Универзитетот Тафтс во близина на Бостон помина повеќе од шест недели во притвор за депортација: во свој текст, таа го критикувала ставот на универзитетот за војната во Појасот Газа. И спорот со елитниот универзитет Харвард и другите универзитети е поврзан и со пропалестинските демонстрации во околината на институциите.