САД имале оружје со кое може да го контролираат времето и просторот! Белата куќа го шокираше светот

Директорот на Канцеларијата за наука и технологија при Белата куќа, Мајкл Крациос, изјави дека Соединетите Американски Држави поседуваат напредни технологии кои можат да манипулираат со просторот и времето. Оваа изјава, објавена на официјалната веб-страница на Белата куќа, предизвика изненадување и поделени реакции во научните и политичките кругови, бидејќи не беше придружена со никакви технички објаснувања или докази.

– Нашите современи технологии ги бришаат границите на оддалеченост, ги забрзуваат растот на растенијата и радикално ја зголемуваат ефикасноста – изјави Крациос. Иако не понуди конкретни примери, неговата формулација имплицира дека САД развиле системи кои ги надминуваат конвенционалните ограничувања на просторот и времето.

Изјавата пристигнува во време на глобалната трка за развој на вештачка интелигенција, квантни компјутери и експериментални технологии, што веднаш привлече внимание од и поддржувачи и скептици.

Во истото обраќање, Крациос призна дека, и покрај големите технолошки потенцијали, САД влегле во фаза на стагнација, поради прекумерна регулација и бирократски пречки. Како што истакна, сега е вистинскиот момент „нацијата повторно да се покрене“ и да се врати на лидерската позиција во глобалната технолошка трка.

Без конкретни податоци, изјавата за „просторно-време технологии“ останува во доменот на теоријата, а бројни научници и аналитичари изразуваат сомнеж.

Тие се потсетуваат на претходните наводи од Пентагон за експериментални проекти како брзи транспортни системи и манипулација со електромагнетни полиња, како и на истражувањата на DARPA за перцепцијата на времето и квантната телепортација на информации. Меѓутоа, ниту еден од овие проекти не бил јавни потврдени како успешни или применливи во реалниот свет.

Наука, политика или порака?

Изјавата на Крациос пристигнува во време кога американската администрација се обидува да ја врати довербата на јавноста во способноста на државата да води технолошки иновации. Некои аналитичари сметаат дека пораката е пред сè политичка, наменета и за внатрешната и за надворешната јавност – демонстрација на иновациски авторитет во ера кога Кина и други сили агресивно инвестираат во слични програми.

За сега, не постои јасна граница меѓу науката и научната фантастика – а како што многумина иронично забележуваат, времето ќе покаже.

Зачлени се на нашиот е-билтен