Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

САД, Индонезија и пет други земји одржуваат воени вежби

ојските на САД, Индонезија и пет други земји денеска почнаа годишни воени вежби на индонезискиот остров Јава, во услови кога растечката закана на Кина предизвикува загриженост во регионот.

Војските на САД и Индонезија одржуваат заеднички воени вежби од 2009 година, а минатата година се приклучија и Австралија, Јапонија и Сингапур. На овогодишните вежби учествуваат и силите на Велика Британија и Франција со вкупно околу 5.000 војници.

Брунеи, Бразил, Канада, Германија, Индија, Малезија, Холандија, Нов Зеланд, Папуа Нова Гвинеја, Филипини, Јужна Кореја и Источен Тимор, исто така, испратија набљудувачи на двонеделната вежба во Балуран, крајбрежен град во провинцијата Источна Јава.

Кина ги смета овие воени вежби за закана, обвинувајќи ги САД дека градат индо-пацифичка алијанса слична на НАТО за да го ограничат кинеското воено и дипломатско влијание во регионот. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира