САД испратија 12 бродови, 100 авиони и над 10.000 војници во Ормускиот теснец

Според соопштение на Централната команда на САД (CENTCOM), повеќе од 10.000 американски морнари, маринци и пилоти учествуваат во поморска блокада на Ормускиот теснец, со поддршка од повеќе од 12 воени бродови и десетици авиони.

Во соопштението се наведува дека мисијата има за цел да се спречи движењето на бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

„Повеќе од 10.000 американски морнари, маринци и авијатичари, заедно со над 12 воени бродови и околу сто авиони, спроведуваат операција за блокирање на бродовите што се движат кон и од иранските пристаништа“, стои во извештајот.

CENTCOM додава дека во првите 24 часа ниту еден брод не успеал да ја пробие блокадата, а шест трговски бродови се вратиле назад кон иранските пристаништа во Оманскиот залив по наредба на американските сили.

Американската војска тврди дека блокадата се спроведува без исклучоци за бродови од сите земји што се движат кон или од ирански пристаништа, вклучително и во Персискиот и Оманскиот залив. Истовремено, се нагласува дека е дозволена слободна пловидба за бродови кои не се упатуваат кон Иран.

Блокадата, според американската страна, започнала по неуспешни преговори меѓу САД и Иран. Операцијата ја најави и американскиот претседател Доналд Трамп, кој порача дека ќе се спроведе „целосна контрола“ на морскиот сообраќај во регионот.

CENTCOM предупреди дека секој брод што ќе се обиде да влезе или излезе од зоната без одобрение ќе биде пресретнат, пренасочен или запленет, додека хуманитарните пратки ќе бидат дозволени.

Од друга страна, Иранската револуционерна гарда најави одмазда, што дополнително го зголемува ризикот од ескалација во регионот кој е клучен за глобалното снабдување со енергија.

Зачлени се на нашиот е-билтен