Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц, денеска изјави дека САД би можеле да побараат од Русија да ги ослободи, како што рече, незаконски депортираните украински деца „како дел од градењето доверба“.
Тој го изјави ова во интервју за Си-Би-Ес Њуз, одговарајќи на прашање зошто американскиот Стејт департмент престана да финансира програма на Универзитетот Јејл која помага да се пронајдат киднапирани украински деца.
Валц рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио врши преглед на сите овие програми и дека „не може да зборува конкретно за оваа програма“.
-Претседателот Трамп разговараше со двајцата лидери за размена на затвореници. Русите и Украинците веднаш разменија речиси 200 затвореници по разговорите. Тој разговараше и за иднината на овие деца. Ова е секако еден од клучните чекори за градење доверба, изјави советник на Трамп.
На прашањето дали САД ќе бараат ослободување на овие деца како чекор кон градење доверба, Валц одговори потврдно.
-Разговараме за голем број мерки за градење доверба. Ова е една од нив, рече тој.