САД нападнаа брод под сомнение за шверц на дрога, едно лице загина

Американската војска соопшти дека извршила нов напад врз мал брод во источниот дел на Тихиот Океан, за кој постоеле сомнежи дека учествува во шверц на дрога. Во акцијата загинало најмалку едно лице.

Според соопштението на Јужна команда на САД, разузнавачките служби утврдиле дека бродот се движел по познати рутите за трговија со дрога и бил директно вклучен во нелегални активности. Информацијата беше објавена на социјалните мрежи, а истовремено беше споделена и видеоснимка од нападот.

Сепак, од Јужната команда не беа презентирани конкретни докази дека бродот навистина пренесувал дрога.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп наведува дека ваквите напади имаат за цел да го запрат протокот на дрога кон САД и да го зголемат притисокот врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Според достапните податоци, од почетокот на септември во 29 вакви напади врз бродови загинале најмалку 105 лица.

Американски конгресмени и организации за човекови права предупредуваат дека властите изнеле малку докази дека целите навистина биле шверцери на дрога и оценуваат дека станува збор за вонсудски убиства.

Во меѓувреме, Крајбрежна стража на САД ги засилила операциите за пресретнување на танкери со нафта во Карипското Море, со што дополнително се заострува кампањата на Вашингтон против венецуелските власти.

Зачлени се на нашиот е-билтен