САД одобрија воен договор со Саудиска Арабија вреден 3,5 милијарди долари

Стејт департментот на САД одобри воен договор со Саудиска Арабија за продажба на ракети воздух-воздух со среден дострел, во вредност од 3,5 милијарди долари. Овој договор е дел од поширокиот пакет оружје кој САД планираат да го понудат на Саудиска Арабија, со вредност од над 100 милијарди долари, за време на посетата на претседателот Доналд Трамп оваа година.

Саудиска Арабија побара 1.000 ракети AMRAAM, 50 секции за наведување и друга опрема, како и логистичка поддршка.

Иако договорот е одобрен, тоа не значи дека е потпишан, а преговорите се уште траат, известуваат американските медиуми.

Покрај тоа, Стејт департментот одобри и евентуална продажба на тактички ракети на Норвешка, во вредност од 370,9 милиони долари.

Зачлени се на нашиот е-билтен