САД тајно преговарале со Хамас за ослободување на американските заложници

Фото: EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Администрацијата на Трамп води тајни разговори со Хамас за можноста за ослободување на американските заложници кои се држат во Газа, изјави за Ројтерс извор информиран за разговорите.

Специјалниот претставник на САД за заложнички работи Адам Болер одржува директни разговори со Хамас во последните недели во Доха, рече изворот, потврдувајќи го извештајот на Аксиос.

До неодамна, САД избегнуваа директни дискусии со милитантната група. Стејт департментот на САД го прогласи Хамас како странска терористичка организација во 1997 година.

На прашањата на Ројтерс во врска со овие информации не одговориле ниту од Амбасадата на Израел во Вашингтон, ни од Белата куќа, а одговор немало ниту од канцеларијата на Болер.

Изворот за Ројтерс рекол дека разговорите се фокусирале на ослободување на американските заложници кои сè уште се држат во Газа, но вклучиле и дискусии за поширок договор за ослободување на сите преостанати заложници и како да се постигне долгорочно примирје.

Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира да се врати во регионот во наредните денови за да најде начин или да ја продолжи првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа или да премине во втората фаза, изјави во понеделникот портпаролот на Стејт департментот.

Зачлени се на нашиот е-билтен