САД денеска воведоа санкции против тројца функционери од Мали поради нивната наводна блиска соработка со руската паравоена група „Вагнер“.
На списокот на санкционирани се министерот за одбрана Сади Камара, началникот на воздухопловните сили Алоа Бој Диара и заменик-началникот на Генералштабот, потполковник Адам Багајока.
„Тие работеле на олеснување и проширување на присуството на паравоената група во Мали од декември 2021 година“, се вели во соопштение на Стејт департментот.