Бомбаш самоубиец во Сирија детонираше експлозив во црква полна со луѓе во неделата, објавија државната телевизија и воената опсерваторија.
Експлозијата се случила во Двејла, на периферијата на Дамаск, додека луѓето се молеле во црквата „Свети Илија“. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија вели дека 30 лица се повредени и убиени, но точниот број сè уште е непознат. Некои локални медиуми објавија дека меѓу жртвите има и деца.
Нападот е прв од ваков вид во Сирија по години и се случува во време кога Дамаск се обидува да добие поддршка од малцинствата. Додека претседателот Ахмад ал-Шара се бори да воспостави авторитет низ целата земја, се изразува загриженост за присуството на скриени ќелии на екстремистички групи во земјата разурната од војна.
Безбедносните сили и службите за итни случаи брзо реагираа и стигнаа до црквата. Очевидец изјави во видео кое брзо се прошири на интернет дека напаѓачот влегол, почнал да пука во луѓето, а потоа го активирал експлозивниот елек што го носел, пренесува АП.