Саркози по пресудата: Ако морам во затвор, ќе одам со крената глава

Фото: World Economic Forum/swiss-image.ch/Photo by Moritz Hager

Поранешниот француски претседател Никола Саркози изјави дека нема да се откаже од борбата за докажување на својата невиност, откако париски суд го осуди на пет години затвор за нелегално финансирање на претседателската кампања во 2007 година со пари од Либија, јавува Ројтерс.

„Ако навистина сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор, но со крената глава“, изјави Саркози непосредно по изрекувањето на казната.

Судот утврди дека во 2005 година тој постигнал договор со тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи за финансиска поддршка во замена за политички отстапки на меѓународната сцена.

Против Саркози се води постапка за корупција, прикривање на либиски државни средства и нелегално финансирање на кампањата. Тој, пак, тврдоглаво инсистира дека обвиненијата се темелат на несигурни и недоверливи докази.

Зачлени се на нашиот е-билтен