Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, неодамна бесрамно изјави дека Русија бавно напредува во Украина бидејќи не води војна, туку „специјална воена операција“.
„Водењето војна е сосема друга работа. Тоа е целосно уништување на инфраструктурата, целосно уништување градови и така натаму. Ние не го правиме тоа. Прво, се трудиме да ја спасиме инфраструктурата и под два, се трудиме да спасиме човечки животи“, истреска тој и остана жив.
Изјавата, дадена за српска Политика, сосема некритички ја пренесоа и македонските про – рашистички медиуми, според, за нив својствениот принцип „пет минути за Хитлер – пет минути за Евреите“ , илити, „избалансираното“ новинарство, кое ги изедначува насилникот и жртвата, убиецот и убиениот, окупаторот и окупираниот. Параван зад кој се задскриваат додека ја спроведуваат агендата на Кремљ.
Да не е трагично, ќе беше смешно, а Песков ќе беше истролан за незнаење, тропање глупости и тотално отсуство на здрав разум.
Треба и самиот да си монструм, за да ги негираш, игнорираш и оправдуваш монструозните руски воени злосторства и разорното руско уништување на украинската цивилна инфраструктура и на цели градови.
Но, како што велеше една бегалка во багажник, „вистината е како шило, боде, боде, лево, десно, и ќе исплива како површина …или ќе се појави на сателитски снимки. Maxar Technologies објави сателитски снимки со висока резолуција на делови од градот Бахмут, регионот Донецк, во мај минатата година и овој месец.
Сарелитските снимки кои ги пренесува Укринформ, го прикажуваат во графички детали нивото на уништување што е предизвикано,.
На снимките на Максар се гледаат „редовите станбени згради, училишта, продавници и друга инфраструктура се претворени во шут што тлее“.
Театарот Бахмут и околните продавници како што е видено на 8 мај 2022 година.
„Делови од градот кои пред една година беа наредени со дрвја и паркови, сега се целосно лишени од секаква вегетација и се покриени со кафеава/црвена прашина и остатоци“, се вели во извештајот.
Според податоците на Генералштабот, руските уништувања продолжуваат со несмален интезитет, во текот на денот се случиле 25 борбени ангажмани во четири правци. Руската армија продолжува да ги фокусира своите главни напори на правците Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маријнка.
Подготви: Д. Мишев