Владата усвои измени на Законот за Царинска тарифа со кои се предвидува намалување на царинските стапки за околу 70 производи, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија.
Мерката, предложена од Министерството за финансии, има за цел да го поддржи индустрискиот развој, особено во секторите енергетика, металургија и автомобилска индустрија. Со измените се предвидува намалување од 50% на разликата помеѓу царинските стапки во Македонија и оние што важат во Европската Унија, со планирано понатамошно усогласување во иднина.
Намалувањето на царината за литиум-јонските батерии е дел од пошироката стратегија за зголемување на капацитетите за складирање електрична енергија и поддршка на енергетскиот сектор. Од Министерството посочуваат дека оваа мерка ќе придонесе за зголемена конкурентност, привлекување инвестиции и нови вработувања.
Предлог-законот ќе биде доставен до Собранието на усвојување.