Округот Фултон во Џорџија објави полициска фотографија од Марк Медоус, поранешен шеф на кабинетот на поренашниот претседател Доналд Трамп.
Медоус дојде денеска во затвор во Атланта да се предаде на властите, како дел од судскиот процес за неговата улога на поништување на резултатите од изборите во 2020 година во Џорџија. Тој се согласил да се брани од слобода под кауција од 100,000 долари.
Медоус наводно го договорил телефонскиот разговор меѓу официјално лица на Џорџија и Трамп, во кој Трамп вршел притисок за пребројување на гласовите, а по легалното завршено пребројување.
Денеска се очекува да се предаде и самиот експретседател, кој е носител на листата од 19 обвинети за прекршување на законот на Џорџија РИКО (закон против рекет) во шема за поништување на резултатите од изборите во таа држава.
Десетмина лица од листата на обвинети веќе се предадија на власта и се пуштени да се бранат од слобода под разни висини на кауции, вклучувајќи го и поранешниот личен адвокат на Трамп Руди Џулијани. Најдоцна до утре напладне треба да се предадат уште осуммина обвинети. к