Најмалку две лица загинаа утрово кога мал авион се урна во Романија. Според првичните информации, леталото паднало во комплекс на позната компанија во градот Арад. Засега нема информации за идентитетот на жртвите.
Несреќата се случила во претпладневните часови, а на местото на настанот се присутни бројни спасувачки екипи. Локалните медиуми јавуваат дека авионот се срушил во дворот на компанијата „Astra Vagoane“.
На терен се наоѓаат две противпожарни возила, како и повеќе екипи на итната медицинска помош и полицијата. Сè уште не е познато колку лица се наоѓале во авионот, ниту дали загинатите биле патници или вработени во компанијата.