Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска повтори дека пред да биде испратена делегација на мировните преговори во Истанбул, Киев сака да добие документ со предлозите на Русија.
- За следниот состанок да биде содржаен и смислен, важно е однапред да се добие документ, така што делегацијата што ќе присуствува има право да разговара за релевантните позиции, истакна Сибиха на заедничката прес-конференција во Киев со турскиот колега Хакан Фидан.
Сибиха не прецизираше дали Украина ќе испрати делегација на 2 јуни во Истанбул ако не го добие рускиот меморандум.
Украински преговарач и министер за одбрана Рустем Умеров пред два дена изјави дека Киев веќе го предал својот меморандум, кратко време откако Кремљ предложи одржување на уште една рунда разговори во Истанбул.