Трката за избор на нов генерален секретар на НАТО се вжештува бидејќи мандатот на Јенс Столтенберг треба да заврши овој септември. Мислењето на американскиот претседател Џо Бајден ќе има огромна тежина при изборот бидејќи САД трошат повеќе од која било друга членка на НАТО за одбрана.
Американскиот претседател Џо Бајден го покани генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг на разговори денес во Белата куќа, објави новинската агенција АП во својот извештај.
Столтенберг, кој е на чело на НАТО од 2014 година и чиј мандат беше продолжен три пати, на почетокот на годинава изјави дека ќе се повлече кога ќе му истече мандатот на крајот на септември, се вели во соопштението.
„Битката да го заземе неговото место се интензивира додека лидерите на 31-члената воена алијанса се состануваат следниот месец на нивниот годишен самит во Вилнус, Литванија“, се вели во соопштението.
Минатата недела, британскиот премиер Риши Сунак го предложи британскиот секретар за одбрана Бен Валас директно на Бајден, додека американскиот претседател Џо Бајден се состана и со данската премиерка Мете Фредериксен, уште еден потенцијален кандидат.
Претходно, Бајден го нарече Валас „многу квалификуван“, но додаде и дека разговорот меѓу лидерите на НАТО за изнаоѓање „консензус“ избор за замена на Столтенберг е во тек.
Се вели дека мислењето на Бајден има огромна тежина бидејќи САД трошат во одбраната повеќе од која било друга членка на алијансата.
Извор Нова ТВ